Експертот за брашна Жито Лукс препорачува

Коментарите се исклучени на Експертот за брашна Жито Лукс препорачува | декември 30, 2015

3-brasnaСо квалитетно брашно месењето е лесно, а печивото вкусно

Домаќинките, посебно оние што често практикуваат да замесат домашно печиво, можат уште на прв поглед да препознаат вистински добро и квалитетно брашно .  Но, сепак се  уверуваат во неговите карактеристики во текот на процесот на месење, расукување и секако според финалниот производ.

Вистина е дека без разлика за какво искуство или вештина станува збор, квалитетот на брашното може да влијае врз изгледот, структура, мекоста и вкусот на печивото дури и кај највештите домаќинки. Брашното треба да има исклучително фина и мека структура, тестата приготвени од него лесно да се расукуваат и печивата убаво да нараснуваат.

Со цел секоја жена да го постигне совршенството во припрема на домашни пити, кифли и колачи  нашиот најголем експерт за брашно, Жито Лукс го препорачува екстра белото брашно тип 400.  Со вистински избор на квалитетно брашно сè може да биде лесно и едноставно,  а печивата да бидат вистински ремек дела од вашата кујна.