Регистрација на нов профил

Коментарите се исклучени на Регистрација на нов профил | април 8, 2012

Како да креирам мој кориснички профил на страната?

За да испраќате ваши рецепти на оваа страна потребно е да имате ваш профил.

Кликнете на на линкот Додај рецепт на горното мени. Ако не сте веќе најавени на страната ќе се отвори страна од која можете да се најавите со веќе постоечко корисничко име и лозинка, да се регистрирате на страната или да побарате ресетирање на лозинката ако сте ја заборавиле.

najava

.

На страната за регистрација на нов профил потребно е да пополните:

1. Корисничко име со кое ќе се најавувате на страната. Корисничкото име мора да е составено само од мали букви на латиница и броеви. Внимателно изберете го корисничкото име бидејќи нема да може да го промените.

2. Ваша email адреса. За да се регистрирате мора да имате пристап до адресата бидејќи на оваа адреса ќе ви биде испратен мејл со привремена лозинка.

Потоа најавете се на страната со корисничкото име кое го избравте и привремената лозинка која ја добивте по мејл.

Кликнете на линкот Измени Профил.Линкот се наоѓа во горното мени веднаш под Готвачи.

Овде можете да си ја смените лозинката во некоја по ваш избор која полесно ќе можете да ја запаметите како и да ги менувате вашите лични информации по Ваша желба.

За промена на лозинката пополнете го полето Нова лозинка и уште еднаш во следното поле под него Повторете лозинка, Потоа кликнете на копчеето Зачувај.

Во полето Јавно име на страната внесете име кое ќе се појавува на вашите рецепти. Ова име може да биде вашето вистинско име но и не мора. Ако сакате можете овде да го внесете истото име кое сте го избрале за корисничко име. Ова име понатаму ќе можете да го промените ако сакате преку вашиот кориснички профил.

НАПОМЕНА: Кога прв пат ќе се регистрирате на страната, ќе добиете мејл од Мојата Кујна со привремена лозинка. Мејлот ќе го добиете на email адресата која ја внесовте при регистрацијата. Понекогаш може да се случи мејлот од Мојат Кујна да “залута” во спам пораки (или Junk mail). Ако не ја видите нашата мејл порака со лозинка за неколку минути после регистрацијата, Ве молиме погледнете во папката за спам пораки.