Печена тиква со домати

2012-10-13
719448_310_14
  • Порции: 6
  • Време на подготовка: 10m
  • Време на готвење: 30m
  • Вкупно време: 40m

Состојки
100 гр. моцарела
1 парче тиква средна големина
оригано
маслиново масло
2 домати
1 лук
магдонос по можност свеж
сол
бибер

Упатство

Тиквата се сече на тенки парчиња (По еден сантиметар). Парчињата се редат на веќе подмачкан плех, се посолуваат, малку бибер (По вкус) и се ставаат во претходно загреана рерна на 150 степени 10-15 мин да се печат, отприлика додека омекнат. Во меѓувреме, доматите се ставаат во претходно зовриена вода 30 секунди до минута, да омекнат за да може полесно да се излупат. Се лупи доматот, се сече на пола, се притиска да излезат семките. Постапката се повторува и со вториот. Ситно се сецкаат. Лукот се сецка ситно, се додава сол, бибер, оригано, малку маслиново масло и магдоносот. Се заедно се меша со доматите. Се вадат тиквите од рерна, секое парче се покрива со сосот од домати и врз него се става по едно тенко парче моцарела и  се попрскува со масло.
Плехот се враќа во рерна се пече уште 10 минути додека се стопи сирењето.
Пријатен апетит



Print Friendly
Средна оцена од готвачи

(0.3 / 5)

0.3 5 19
Оценете го овој рецепт

19 . го оцениле рецептот

Од истата кујна:
  • 401339

    Пита со јагоди

  • snickers

    Snickers

  • MOJATA-KUJNA-Krofni

    Крофни

  • mafini

    Мафини со шунка

  • MOJATA-KUJNA-Kuglof

    Куглоф

Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Recipe Ads