Даска со посни салати

2013-01-22
2013-01-06_22-09-17
  • Време на подготовка: 0m
  • Време на готвење: 0m
  • Вкупно време: 0m

Состојки
ореви
лук
зејтин
пиперки лути, пржени
пиперки лути, печени
грав црвен и бел
туна
кромид
магдонос
лимон
маслинки
пиперки суви везени, лути
праз
маслиново масло

Упатство

Веќе неколку рецепти имам за посни салати и макала, еве уште еднаш, овој пат, може да се види даската на која има макало од праз со суви везени, праз со црвени печени лути и зелени пржени пиперки, ореви со лук, гравче со ореви и зелени пржени пиперки, црвено и бело гравче со туна…
Комбинациите на компир, грав, праз, лук, ореви, туна се прекрасни, секогаш во комбинација на лути суви пиперки или лути пржени, прелиени со врел зејтин, а густина по желба…
Во туна салатите секако е малку поинаку, лимун и кромид обавезно, компир, зелена салата може, маслинки исто. Доколку не е посно, се збогатува и со јајца, мајонез, по желба…
Ова беше дел од мојата Бадникова вечера, затоа е посно, но вкусовите се прекрасни.
Добар апетит !

Print Friendly
Средна оцена од готвачи

(0 / 5)

0 5 0
Оценете го овој рецепт

0 . го оцениле рецептот

Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>