Превртена торта од ананас

2012-03-04
ananaas-torta
  • Порции: 16
  • Време на подготовка: 20m
  • Време на готвење: 30m
  • Вкупно време: 50m

Состојки
1 лажичка прашок за пециво
1 чаша брашно
1 чаша цреши без семки, може и замрзнати
2 чаша шеќер
1/4 лажичка сол
1 лажица маргарин
1/2 маргарин
4 јајца
1 ананас од конзерва

Упатство

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во подлабоко тенџере растопете 1/2 чаша маргарин. Одстранете го тенџерето од рингла и посипете на дното една чаша шеќер. Наредете рамномерно на дното ананас исечен на кругови.Околу ананасот наредете ги црешите.
Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
Одвојте ги белките од јајцата и миксајте ги додека да добиете цврста пена. Внимателно додадете го остатокот од шеќерот (1 чаша) лажица по лажица и не прекинувајте со миксање.
Во помал сад измиксајте ги жолчките со голема брзина.
Со вилушка или жица за мешање внимателно измешајте ги жолчките од јајцата со брашното и белките додека да добиете рамномерна смеса. Додадете 1 лажица растопен маргарин.
Внимателно истурете ја смесата во тенџерето врз ананнасот.
Печете во загреана рерна 30 – 35 минути.
Потоа со нож внимателно поминете по рабовите од тенџерето за да ја одлепите тортата. Почекајте околу 5 минути за малку да се излади и потоа внимателно превртете го тенџерето со тортата врз послужавник или друг сад за сервирање.



Booking.com

Print Friendly
Средна оцена од готвачи

(0 / 5)

0 5 0
Оценете го овој рецепт

0 . го оцениле рецептот

Од истата кујна:
  • cimet

    Торта од цимет

  • urmi

    Колач од урми

  • MOJATA-KUJNA-Domashna-pita

    Домашна пита

  • kiflicki

    Солени кифлички

  • MOJATA-KUJNA-Mlechna-kifla

    Млечни кифли

Коментари за рецептот

Comments (3)

  1. објавено од Благоја Тричковски на април 5, 2012

    Ех да го видев вчера рецептов, сигурно гостите ќе си ги пречекав со вакво нешто :)

  2. објавено од Milka на април 5, 2012

    Таман идеа за следниот пат :)

  3. објавено од arif на ноември 19, 2012

    dali bas trebit vo tencere da se napravi tortata

Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Recipe Ads