Кнедли со модри сливи

2012-10-21
mmm1
  • Порции: 18
  • Време на подготовка: 60m
  • Време на готвење: 20m
  • Вкупно време: 1m

Состојки
400 гр. презли
0,5 кг. бело брашно тип 400
0.5 кг. пире од компир
400 гр. шеќер
малку сол
18 зрели сливи нека бидат помеки за да пуштат сок
1 јајце
малку масло за готвење

Упатство

Компирот излупете го,измијте и ставете нека се вари.кога ќе биде варен тргнете исцедете и згмечете како за пире,тргнете на страна нека се лади.

Кога е убаво изладено пирето во него додадете го брашното,јајцето и малку сол. Умесете убаво да биде меко и глатко.

Од тестото направете парче во должина (како змија) и од него кинете еднакви делови од кои ќе правите кнедли.

Сливите измијте ги и извадете им ги семките,се става една слива во една кнедла(од 18 сливи се добиваат 18 кнедли).
Парчето кое сте го откинале од тестото на рака малку го исправете(расплескајте)и ставете ја сливата,убаво затворете и формирајте топче.(рацете можат да ви бидат побрашнети).
Постапката повторувајте ја се додека имате тесто.

Во тенџере од 5 литри ставете вода и почекајте да зоврие.откако ќе почне да врие во неа спуштајте ги кнедлите(готови се кога ќе испливаат на површина)што ќе испливаат вадете на страна нека се цедат,ставајте по малку кнедли за да можат слободно да се вртат во варењето.
Во тавче ставете го маслото за јадење и презлите,нека се пропржат на тивко да поруменеат. Тргнете од оган и додајте го шеќерот. Кнедлите валкајте ги во оваа смеса.

Јас ги правам најчесто вака а вие можете и да ги потпечете дополнително уште 20 мин.

Наредете ги во тава за печење(подмачкана со многу малку масло) една до друга и посолете со останатата смеса од презли/доколку ви останало.нека се печат 20 мин на 200 ц.

Пријатен апетит



Print Friendly
Средна оцена од готвачи

(0 / 5)

0 5 0
Оценете го овој рецепт

0 . го оцениле рецептот

Од истата кујна:
  • 401339

    Пита со јагоди

  • snickers

    Snickers

  • MOJATA-KUJNA-Krofni

    Крофни

  • mafini

    Мафини со шунка

  • MOJATA-KUJNA-Kuglof

    Куглоф

Коментари за рецептот

Comments (6)

  1. објавено од Gurman на октомври 22, 2012

    Ова дефинитивно е едно од моите најомилени јадења(десерти), само не сум се осмелил да ги направам сеуште.

  2. објавено од macikaaa на октомври 22, 2012

    слободно пробај да ги направиш,изгледа комплицирано а всушност воопшто не е,минимални се шансите за утка :)поздрав

  3. објавено од Gurman на октомври 22, 2012

    Порано секогаш некој постари тетки од маалово ги праеле и најчесто не потекнувале од Македонија, па мислев дека е нешто комплицирано, според рецептов звучи лесно .. а за вкусно … прекрасно. Ќе малтретирам по дома некој да ги направи прво, ја на втора мајка ќе играм :)

  4. објавено од miki на октомври 26, 2012

    Knedlite se ungarski, ceski, germanski, polski, avstriski specijalitet. Na Balkanot najcesto gi pavat vo Srbija, Vojvodina, Hrvatska – Slavonija, Megumurje, vo Slovenija. Od tamu doagaat i vo Makedonija. Se polnat so kajsii, praski, no nekomu (megu koi sum i jas)mu se najubavi so slivi (zime mozat da se pravat so suseni slivi koi prethodno treba da otstojat vo topla voda da nababrat). Vasiot recept e super, samo sledniot pat koga ke gi pravite zadolzitelno stavete (na ova kolicesto) i 50 grama puter (i toa dodeka kompirot e topol-vrel) i cimet. A ako ja vadite semkata, togas na nejzino mesto kocka seker. I sekako zadolzitelno se sluzi so seker i so cimet.

  5. објавено од done на ноември 2, 2012

    Mi se dopaga i tvojot recept.Jas sum naucila da gi pravam od mojata majka koja e rodena vo Belgrad no poteknuva po baba od Ungarija.Se slozuvam so komentarot na Miki bid. i jas na kilogram kompiri stavam eden cel margarin,cetiri jajca i brasno kolku ke vpie samoto testo,bidejki se zavisi i od kompirite i od brasnoto..pa ako sakate i od toplinata na prostorijata koga gi podgotvuvate.Vo slivata stavam seker pomesan so cimet,toa ke i dade dopolnitelna socnost,a so istiot i prezla gi narosuvame i otkako ke gi preseceme.Mnogu se ubavi i kaj mene doma i od ovaa kolicina za podgotovka ne ostanuva nisto za drug den.Samo kako napomena mozat da se pravat i so meleno meso ili nekoj drug solen fil i da se kombiniraat so kecap ili drug preliv,pozdrav

  6. објавено од Elena на ноември 3, 2012

    preubavo

Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Recipe Ads