Баклава

2013-01-18
2013-01-08_22-05-31
  • Време на подготовка: 0m
  • Време на готвење: 0m
  • Вкупно време: 0m

Состојки
1,5 кг. шеќер
150 гр. маргарин
150 гр. зејтин
150 – 200 гр. гриз
1 кг. кори по можност влечени
350 гр. ореви
зачин сакс неколку зрна
лимон
2 ванили

Упатство

Ова е старинска Струмичка баклава со сите нишани, многу ги сакам старинските рецепти и ги чувам и негувам со задоволство.
Се става толчен САКС, така го знаеме зачинот одсекогаш или Мастикс сега, така некако е името, треба да го има во поголемите маркети. Саксот е зачин кој и дава посебен вкус на нашата баклава. Оревите се сечат долгнавесто и тенко, гризот се пржи, а во него се додава ванилата и толчениот сакс.
Дното на плех бр.32 се мачка зејтинче, се редат корите една врз друга. На секоја ставате зејтин и гриз со ванилата и саксот измешани, а на секоја втора или трета ореви плус. Долните и горните неколку кори оставете ги без ореви. Полијте ја со растопениот маргарин и следува сечењето кое е важно. Доколку има интерес ќе испратам слики за да се види како е сечена во плехот. Но во средина овој пат е сечена и до центарот, затоа што ова е мал плех за баклава, таа се прави во огромни тепсии и тогаш средината останува цела ѕвезда. Во овој плех, ѕвездата би одзела многу простор. Потоа се пече околу еден час, покриена со фолија на почетокот. Кога ќе се излади, се полива со шербет од 1,5 кг шеќер и помалку од 1 кг вода, ванилин шеќер и кругчиња лимун при крај. За оние кои сакаат помека баклава, треба да се полие пред да биде готов шербетот, значи два пати, а кога ќе почне да се влече како конец од лажицата, значи готов е и се полива остатокот. Но ако сакате ропкава, да се сипа како велиме, се полива еднаш, кога е готов шербетот.
Ова е старинска и една од најубавите баклави, пробајте, незаборавен вкус има.
Уживајте!

Фотографии од припремата:



Booking.com

Print Friendly
Средна оцена од готвачи

(5 / 5)

5 5 1
Оценете го овој рецепт

1 . го оцениле рецептот

Коментари за рецептот

Comments (9)

  1. објавено од MARIJA на февруари 3, 2013

    Prekrasna e, nemam zborovi…

    • објавено од Iva Vesna на февруари 14, 2013

      Vi blagodaram Marija

  2. објавено од Elizabeta Dukova на февруари 13, 2013

    Receptot e prekrasen,bi sakala samo da prasam dali e mozno baklavata da se pravi od grcki filo kori,ziveam vo stranstvo i tuka nema da se kupat drugi kori osven filo.Blagodaram na odgovorot

    • објавено од Iva Vesna на февруари 14, 2013

      Blagodaram Elizabeta,po pravilo ova treba da se sukani kori.No vo poslednite decenii i za ovaa baklava pocnaa sé poveke da se koristat gotovite,a mnogu cesto se kombinira, sukani so gotovi.Inaku i jas ziveam vo stranstvo i ovoj pat ja pravev so gotovi tegnati kori, mislam deka Slovensko proizvodstvo bea. Znaci podebeli se, ne od najtenkite kako sto obicno se kupuva za baklava. Ovde za sreka imame najrazlicni vidovi gotovi kori od Balkansko poteklo, no so tenkite ne bi bila ubava zasto se ili smrznati ili vakumirani i pri otvaranje najcesto se kako lenti.Ovie tegnatite se najpogodni, no ne znam kakvi se filo…Se nadevam vi pomognav malku… Pozdrav

  3. објавено од Gurman на февруари 15, 2013

    Доколку имаш слика од сечењето би сакал да видам како тоа изгледа, одприлика имам идеја како да ја исечам, ама друго е кога веќе се прави традиционална Баклава, да биде и традиционално исечена, Фала Однапред и продолжи со ОДЛИЧНАТА работа

    • објавено од Iva Vesna на февруари 15, 2013

      Благодарам, слики имам секако, ќе бидат наскоро објавени, поздрав

  4. објавено од silvana на април 19, 2013

    Bravo Vesna -navistina baklavata e prekrasna (po strumicki) baba mi ja pravese taka i niedna baklava go nema toj vkus sto sum ja probala do sega.I site drugi receti ti se izvorni i originalni

    • објавено од Iva Vesna на април 20, 2013

      Така е Силвана, навистина оваа баклава останува неспоредлива!
      Благодарам од срце !

      • објавено од Elizabeta Fermanov на јули 29, 2013

        Iva mnogu ja bendisuvam baklavata, I mnogu me zainteresira vo eden od tvoite odgovori deka baklavata moze da se napravi I so sukani kori. Jas vo Avstralija kupuvam grcki filo kori I za zal ne znam nitu kako se pravat. Ke moze li da go objavis receptot za korite ili da mi go pustis na imejl na elizabeta98@hotmail.com, zasto sakam da ja napravam so sukani kori. I mislam deka poubava ke bide otkolku so kupeni. Ti blagodaram I te molam daj ni go receptot.

Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Recipe Ads