Француски тост со сируп од сливи

2016-02-10
ФРАНЦУСКИ ТОСТ СО СИРУП ОД СЛИВИ
  • Количина: 4 лица
  • Време на подготовка: 20m
  • Време на готвење: 40m
  • Вкупно време: 60m

Состојки

  • 50 гр. кафеав шеќер
  • 1 лажица вода
  • 2-3 сливи, исецкани
  • 5 земички (или кифли)
  • 1 јајце
  • 150 мл. млеко
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка ванила
  • сол
  • шеќер во прав за декорација
  • • Прелив
  • 2 сливи, ситно сецкани
  • 2 лажици сок од портокал
  • сок и кора од половина лимон

Постапка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во мало тенџере растопете го кафеавиот шеќер заедно со сецканата слива и 1 лажица вода. Гответе ги 2-3 минути на среден оган, па одстранете го тенџерето од рингла.
Во огноотпорен сад намачкан со малку масло наредете ги земичките исечени на коцки. Додадете ја смесата од шеќер врз земичките. Во чинија измешајте јајце, млеко, цимет, ванила и сол. Додадете ги врз лебот и печете го во рерна без капак 50 минути додека да добие светло кафеава боја. Во меѓувреме во мало тенџере измешајте ги сливите, сокот од портокал и сокот и кората од лимон и гответе ги околу 1 минута на посилен оган. Потоа намалете ја температурата на ринглата и гответе ги уште 15 минути. Сервирајте го печеното лепче топло, прелиено со лажица од сирупот и декорирано со шеќер во прав.

На здравје!



Print Friendly
Средна оцена од готвачи

(0 / 5)

0 5 0
Оценете го овој рецепт

0 . го оцениле рецептот

Од истата кујна:
  • 401339

    Пита со јагоди

  • cimet

    Торта од цимет

  • urmi

    Колач од урми

  • MOJATA-KUJNA-Krofni

    Крофни

  • MOJATA-KUJNA-Kuglof

    Куглоф

Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Recipe Ads