Колач од урми

2016-05-02
urmi
  • Порции: 6
  • Време на подготовка: 30m
  • Време на готвење: 45m
  • Вкупно време: 1:15 h

Состојки

  • 260 гр. Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 200 гр. урми без семки
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 200 мл. зовриена вода
  • 60 гр. путер
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • Прелив: 200 гр. кафеав шеќер
  • 200 мл. хопла
  • 100 гр. путер
PACKSHOT

Постапка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намрсете со малку масло едно округло тавче (18 см). Обложете го со хартија за печење. Ставете ги исчистените урми и сода бикарона во длабок сад. Прелијте ги со зовриена вода и оставете ги да одстојат 20 минути. Со миксер изматете ги путерот и шеќерот. Додадете јајца и продолжете со матење. Потоа со лажица додадете ги урмите и брашното. Измешајте го убаво тестото за да се соедини. Префрлете ја смесата во тавчето и печете 45 минути. Потоа колачот оставете го да одстои 10 минути за малку да се излади. Во меѓувреме во тенџере измешајте ги кафеавиот шеќер, хоплата и путерот и сварете ги на појак оган. Варете ги околу 3 минути додека да зоврие смесата. Потоа намалете ја ринглата и варете уште 2 минути. Послужете го колачот исечен на парчиња и прелиен со топлиот сос.



Print Friendly
Средна оцена од готвачи

(4 / 5)

4 5 2
Оценете го овој рецепт

2 . го оцениле рецептот

Од истата кујна:
  • 401339

    Пита со јагоди

  • cimet

    Торта од цимет

  • MOJATA-KUJNA-Krofni

    Крофни

  • MOJATA-KUJNA-Kuglof

    Куглоф

  • MOJATA-KUJNA-Domashna-pita

    Домашна пита

Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Recipe Ads