Домашна пита

2016-04-22
MOJATA-KUJNA-Domashna-pita
  • Количина: 1 тава
  • Време на подготовка: 50m
  • Време на готвење: 30m
  • Вкупно време: 1:20 h

Состојки

  • 700г Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 380-400мл вода
  • 10г шеќер
  • 300г брашно за посип
  • 20мл масло за јадење
  • 300мл зејтин за попрскување
  • 10г свеж квасец
  • 15г сол
  • Фил по желба
PACKSHOT

Постапка

Брашното се става во сад за месење, во средината се прави мала вдлабнатина во која се додаваат квасецот и шеќерот, а околу солта и маслото за јадење. Со млака вода се раствора квасецот и полека се додава остатокот од водата.

Се меси за да се соедини убаво целата маса се додека тестото не почне да се одвојува од садот и убаво се обработува на работната маса. Се остава да отстои 10 минути покриено.

Се дели на парчиња од окоу 150г и се обликува во топчиња кои треба да одморат уште 10 минути. Работната маса се посипува со брашно и топчињата се сукаат едно по едно со посип од брашно при што се развива кора. Секоја кора се прска со масло за јадење и се става фил по желба, се витка во ролат и се става во тепсија. Откако ќе се наполни тепсијата, питата од горе се попрскува со остатокот од зејтинот и се остава да одмори уште 10 минути.

Се пече на температура од 225°С до 250°С околу 25 до 30 минути во зависност од печката. Откако питата ќе се извади од печка, се попрскува со малку вода и се покрива со салфета.



Print Friendly
Средна оцена од готвачи

(5 / 5)

5 5 4
Оценете го овој рецепт

4 . го оцениле рецептот

Од истата кујна:
  • cimet

    Торта од цимет

  • urmi

    Колач од урми

  • mafini

    Мафини со шунка

  • kiflicki

    Солени кифлички

  • MOJATA-KUJNA-Mlechna-kifla

    Млечни кифли

Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Recipe Ads