Значи жив не сум ако не мацнам

Од : | 3 Коментари | On : август 24, 2012 | Категорија : Блог, Гурман

Си вртам канали и налетувам на оној канал од кабловска 24 Kitchen , ваљда холандски е ама нема везе има превод  доле, али како и да е го следам интензитетот на презентерите и иако не ги разбирам ни збор, внесуваат страшна ведрина и не добивам желба да го сменам каналот.

Кога ќе направам некоја ретроспектива од нашите кујни тргнувајќи од Алачки, незнам Ванчо Петрушевски дали сеуште води Кујна на тв, Момакот од Четири сезони ( на А1 што идеше ) и ред други .. сфаќам дека сме далеку од се она што светот го нуди, па дури и Хрватска, иако Ана не ме фасцинира нешто превише за мој вкус ама пак е подобро него Трупче и компанија. Ок сакаме да си ја задржиме автентичноста на македонските специјалитети и слично и не веруем дека би имало друг начин за традиционална Македонска трпеза освен да се поврзе со Фолкот, ама сепак би сакал да видам некое освежување од типот на Џејми Оливер иако и он почна да забегува во последно време.  Но, кога би размислил се она погоре е подобро од Нараторот во Храна и Вино. Некако ме плаши гласот ( чинам на Валентин од Сител дека е ). „И не заборавајте овој десерт најдобро оди со десертното вино Мускат од Тиквеш“. На моменти си мислам дека ако почнам да го правам рецептот, доколку немам Мускатно вино ќе ми се појави гласот од некаде.

Кое е вашето мислење на темава, дали имате свој фаворит што им недостасува на македонскиве тв канали и дали имате некое шоу кое ви се допаѓа најмногу? Ве очекувам во коментари.

Ваш Гурман

Share This Post!

Comments (3)

  1. објавено од valentine на август 24, 2012

    Jas sum zavisna od Rudolf na 24 kitcheen ,coveceto e fenomenalno, receptite se ednostavni i odlicni , i blago i soleno i meseno.Bravo za Rudolf, koj inaku e narecen princ na gotvenjeto.

     
  2. објавено од Gurman на август 24, 2012

    Никој за коментар ? :)

     
  3. објавено од лазе на септември 4, 2012

    rudolf sekako e zakon a i onoj so venceto ima dobri specijaliteti odlicen e a za rudolf nema zamena a nasive se so da ti kazam

     

Напишете коментар