Гурмански Одмор

Од : | 0 Коментари | On : август 15, 2012 | Категорија : Блог, Гурман

Хеј, Како е?

Јас само што се вратив од годишен одмор и се изнауживав во морски специјалитети за сите пари и се надевам ќе ме држи до следната година. Не ми се јаде ич у овие нашиве ресторани морска храна, пошто прошла покрај морска коа ми ја става од фрижидер за длабоко па аутоматски сите плодови од морето имаат бела боја и ако ти се посреќи се има вкус на ослич, ако не, си замишљаш како би требало да му биде вкусот, од оној ланскиот . Додуше има и кај нас ресторани шо нудат добра морска храна и ја носат свежа и директно од пристаниште од грција ( како најблиско ) ама цената е доволно добра да се утешиш со тоа да јадеш еднаш годишно добра морска храна покрај море ко шо и е ред. Како и да е стварно сакам да пробам се, а богами и јадам се шо нуди морето ( уште морска ѕвезда немам пробано :)).

Годинава идев на сигурна комбинација. Лигњи(Каламари) на Плотна, Рижото со Школки, морски козици … Октопод не јадев, не ми е ни омилен у принцип чисто ради изгледот, вкусот ми се свиѓа.Уствари и пробав една нова риба за мене се викаше Black Wolf… Прилично иста како Албанскиот Коч, само има црна кожа и изразито бело месо нешто како Охридска Белвица ( не плашка ) ама мноооогу повкусно.Доколку не сте пробале морско а сакате препорачувам секогаш да бирате ресторан во кој им е приоритет морската храна. И многу битно. Школки се јадат на место само каде што ќе ви ги препорачаат, никако да влетате во прв ресторан и да нарачате, затоа што ако не се свежи може да си го расипете одморот а воедно и уживањето во школките за век векова Амин. Следно нешто, доколку нарачувате Лигњи, барајте да ви ги спремат цели на плотна ( во тој случај се најчесто свежи) ако има само поховани ондак најверојатно се од фрижидер за длабоко. Се решив да јадам и рак годинава, ама кога ги видов како пливаат во аквариумот, некако им простив.

Ако сте тазе вратени од одмор покрај морето и не сте пробале а сакате или сакате да си приготвите сами, имате свежи морски работи и по маркетиве од кај нас ( у оној грчкиот де ) сеа не се нешо којзнае шо свежи ги чуваат во мраз да не губат од свежина али се каде каде бољи него оние у кеса плава … ако сакате некој рецепт за приготвување ќе ви пишам … а може и вие да ме научите нешто ново од морската кујна па изненадете ме и пишете сопствено искуство во коментар, или па рецепт, Пааа ако е добар можда ќе си добие и соодветна награда ;) .

Драги мои пријатели поздрав до следната гурманска средба, одам сега да видам шо има на мени. Пријатен ден.

Ваш Гурман

Share This Post!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *