Гурмански Приказни

Од : | 0 Коментари | On : јули 29, 2012 | Категорија : Блог, Гурман


Драги мои посетители на Мојата Кујна, Здраво.  Се надевам дека уживате во рецептите на мојата и ваша кујна. Гледам слабо некој да се пофали со некој свој рецепт, ама има време се надевам дека ќе се опуштите и ќе ја обогатите „Мојата Кујна“ со нешто дали од нашата традиционална дали интернационална дали медитеранска кујна.

Имам малку трема затоа што овој текст треба да искочи во форма на блог, па како средношколец на тема по Македонски одбрав слободна тема, затоа што не сум ја прочитал „Злосторство и казна“ и нормално мислам дека на таа тема ќе имав повеќе што да напишам него на слободната, ама нема врска ќе се снајдам. Да почнеме од услугата по нашите Скопски ресторани ( бифеа кафулиња и сл.). Незнам дали сум единствен со таква карма да секогаш кога сум најгладен нарачката се пролонгира со минимум 15 минути повеќе од вообичаеното ама чичко Марфи работи за тоа секогаш да успева… додуше у задње време ради недостиг на персонал ( што кој си отишол од градов, што кој сезонски отишол да работи на туристичко место) изглеа секој ден сум најгладен :). Ма уствари можам да преминам преку се, ќе почекам  доколку не ги доцнат и стартерите, а и да ги доцнат секогаш се има што да се напие човек у меѓувреме, ама стварно не можам да преминам преку дрски и безобразни Келнери. Не дека сум човек кој извољева со своите барања, не дека сум човек кој бара влакно на јајце и слично .. ама сакам барем кога ќе нарачам нешто да биде како што сум го јадел и претходно.

Еве да си се исповедам за тоа како уствари едно од најомилените места во градов го избегнувам од пред некој месец. Си имаме навика у друштво барем еднаш до двапати месечно да си се почастиме со кинеска храна. Прошла покрај права кинеска ама вкусот и беше совршен за овие наши балкански простори преадаптирана тамам за мој укус. Како и секој човек одкако ќе проба се што има на менито си наоѓаш две три работи што ти се омилени и после на секое одење си ги нарачуваш затоа што првично тоа е тоа што не го јадеш секојдневно а и дома тешко сам да го спремиш, или пак ќе те чини седум пати повеќе од тоа да одиш и да нарачаш голема порција. Значи вака моето омилено јадење во нашиот мил и непресушен кинески ресторан ( не шангај тој е изгор за мој стандард) е суво луто говедско и лут ориз со пилешко. Ова го нарачувам секогаш кога одам таму. Еден убав ден ни стига порака по смс НОВО ПОПУСТ НА СИТЕ НОВИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ, Само покажете ја пораката … Сеа не знам како баш идеше текстот ама ете ни даде повод … да идеме да пробаме и нешто ново … И како што е ред си се собравме цела екипа стандардно некој 8 души и почнавме со нарачките. Прво го чекавме келнерот да дојде да не услужи едно 15 минути па ајде откако дојде  нарачавме се што има во новото мени каде што пишуваше НАЈНОВО .. и нормално си нарачав суво луто говедско и лут ориз со пилешко меѓу останатото, после половина час донесе неполна нарачка, т.е. нарачани беа барем 12 работи од менито он донесе само 3 работи на маса, па чекавме уште половина час да донесе уште 4 … каде што оризот и сувото луто уште ги немаше донесено. Нејсе, најпрво го донесе тоа што беше најново на мени и се од храната беше екстра кисело или со Екстра овошје внатре па некако самото јадење изгуби на вкус ама ете, ајде првпат го нарачуваме можеби и така треба да биде само е премногу јако за наш вкус, кога почна да ги носи и работите што веќе знаеме како треба да изгледаат, многу од нив беа прегорчливи ( од соја сосот) прекисели ( од соја оцетот ) … и слично … јас само пробував затоа што си чував место за омиленото ми јадење и онака ништо друго не ми се бендиса, ни пилешкото со кикирики не беше како што било ни нудлсот со пилешко а ни тие новите ( не им го ни знам името … ама беше кисело месо со кисело овошје повеќето ) И фајнали после еден час и трипати потсетување на келнерот ми го донесоа тоа што и во 3 навечер да ме прашаш каков вкус треба да има ќе ти го кажам до најмалиот детал. Храната навидум беше како што одсекогаш изгледала. Дали имаа проблем со готвачот во кујна некој нов, дали смениле состојките па новиве не се добри како претходните незнам, ама знам само дека кога го пробав говедското, културно било некултурно го плукнав во марамче и сеуште ме боли вилицата од Киселото кога ќе се потсетам. Оризот беше залепен како да јадеш сутлијаш, а не кинески ориз. Одкако сите на масата инаку чести гости на „реномираниот “ кинески ресторан се согласивме дека нешто стварно не е во ред со храната и дека ни од далеку не подсеќа на истата што сме ја нарачувале години наназад, решивме да се обратиме на Човекот задолжен за нашата маса. Прво му реков дека има некаков проблем со суво лутото говедско и дека оризот е далеку од тоа како треба да биде и ако може да направат нови затоа што овие можеби по грешка ги згрешиле и слично. Келнерот отиде до шанкот со оризот и говедското, ги остави на шанк, однесе пиење на соседна маса, се врати до шанк ги зема истите тањири и ги врати на маса. На мое огромно изненадување а и на останатите го прашавме дали го направи тоа што сите видовме дека го направи. Ни се обрати со следниве зборови „ Со храната е се во ред можеби вие не знаете што сакате“. Почна полека кај сите да не напушта чувството на глад од тоа што внатрешните органи почнаа да играат ламбада. За да го задржиме сопственото достоинство, му рековме со мааалку поналутен тон дека стварно нешто не е во ред со храната и дека ако постои можност да приготват нова ќе биде во ред да почекаме а доколку не постои, нека ја врати не ја сакаме. Поминаа 15тина минути си мезакаме од салатите ( тие беа добри ) и од уште по некое од јадењата шо беа Јадливи …. ја носи храната после 10 минути видно жешка, ама вкусот ист … го прашав дали истата храна само ја пропржија и келнерот рече … „ Нашиот одговорен ја проба и рече дека се е во ред со храната“  побаравме да разговараме со шефот, нормално Не бил тука, со газдарицата и таа не била тука … и ништо нашето следно беше да си нарачаме десерт да си платиме и да си одиме. Капак на се беше сметката кога ја донесоа. Ниеден од Најновите специјалитети не беше со одредениот попуст од СМС пораката. Го прашавме Келнерот зашто нема попуст на што добивме одговот дека не биле тие од тоа мени со попуст, него дека најновите ги нема во мени. А како ние да ги дознаеме ако кога го прашуваш келнерот што има на мени ти носи Менија а не ти кажува? Од тогаш па наваму ми е криво што едно од најомилените места во градов за храна несекојдневно спремена, го загуби местото во моето мени, ама се надевам дека ќе им дадам уште една шанса набрзо, да не биде директен црвен, сепак првпат им беше ама премногу претераа…

Се надевам дека не бев досаден со текстот, а имам уште толку да се распишам …. ама ќе оставам и за другпат нешто …

Драги мои Пријатели Поздрав до некое следно наше читање, доколку немате премногу негативни забелешки па да биде ова наше последно :) . Како и да е, доколку имате некое слично искуство би сакал да го споделите во нашата група ( се наоѓа најдоле лево ) „Услуга во Македонските Ресторани“.

П.С. Не замерувајте на граматички грешки… :)

Пријатно

Ваш Гурман

Share This Post!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *