Совети за совршени тестенини

Од : | 0 Коментари | On : јануари 11, 2016 | Категорија : Готварски совети, Совети и кулинарски трикови

making-pasta

Колку и да звучи лесно, приготвувањето на тестенини не се состои само од варење неколку минути во вода со малку сол.

  • Избор на облик на тестенини – Постојат преку 100 вида на тестенини различни по форма и големина, а со тоа и различна намена. Ако рецептот бара одреден вид на тестенини, а баш тие не ви се наоѓаат по дома, не можете секогаш да ги замените со било кој друг вид. Различни тестенини имаат различни начини и време на готвење. Ако веќе правите замена најдобро е да користите тестенини од иста група (макарони, полжавчиња, спирали, шпагети) со многу слична дебелина и форма на тоа што го бара рецептот.
  • Слепо следење на упатството за време на приготвување – Со прецизно следење на времето означено на опаковката ризикувате да послужите недоварени тестенини. Секогаш по истек на предвиденото време за варење извадете една тестенина од тенџерето и проверете дали е сварена. Ако ја пресечете на половина бојата треба да е еднаква. Ако средината на тестенината е потемна од краевите значи дека треба да се доварат уште 2-3 минути.
  • Преварување на тестенините при печење – Исто како и живи тестенини, и преварените не се вкусни за јадење. Ако рецептот бара потпекување на сварените тестенини, секогаш извадете ги од тенџерето за варење некоја минута порано, односно оставете ги малку недоварени. Во рерната со печењето ќе бидат зготвени колку што треба.
  • Недоволно сол во водата за варење – Ова е една од најчестите грешки кога дома приготвувате тестенини. Времето на варење е единствено време кога тестенините можат да се зачинат и зачинот да продре во внатрешноста.
  • Истурање на целата вода во која се вареле тестенините – По варењето задржете некоја лажица од водата во која се вареле тестенините за да ја подобрите густината на сосот кој ќе го послужите. Со додавање на  мала количина од водата во густите суви сосови ќе добиете совршена текстура и кремаст вкус.


Print Friendly
Share This Post!
Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Recipe Ads