Суперхрана – Лути пиперки

Од : | 0 Коментари | On : април 16, 2012 | Категорија : Суперхрана

.

Сите пиперки содржат соединенија наречени капсаициноиди. Ова е особено точно на лутите пиперки, од каде што и произлегува нивната лутина.

Тие имаат извонредно анти-инфламаторно и аналгетично дејство. Штитат од многу форми на рак како и од срцеви заболувања благодарејќи на многу високо ниво на капсаициноиди, чија најчестата форма е капсаицинот.

Во прилог на капсаицинот, лутите пиперки се богати со антиоксидансите каротини и флавоноиди, и содржат скоро двојно повеќе витамин Ц од количеството што може да се најде во цитрусните овошја.

Речиси секој оброк – од домашни супи, чорби или чили макала кои се додаваат на помфрит или салати може да ви донесат дополнителна корист од мала количина на лути пиперки.

 

Share This Post!

Напишете коментар