Суперхрана – Зеленчук со темнозелени листови

Од : | 0 Коментари | On : април 16, 2012 | Категорија : Суперхрана

.

Зеленчукот со темнозелени листови како што се спанаќ, кељ или блитва се одличен извор на железо (особено важно за жените). Исто така содржат витамин А и лутеин кои придонесуваат за подобар вид.

Спанаќот содржи цела ризница на хранливи материи и може да се пофали со преку 35 есенцијални витамини и минерали. Една чаша варен сшанаќ (или околу 200 грама) му обезбедува на организмот дури 3 пати од минималната дневна потреба за витамин А и дуро 1000% од дневната потреба за витамин К. Витаминот К помага во спречување на прекумерна активација на остеокластите, клетки кои ја разградуваат коската и предизвикуваат нејзино кршење. Всушност тешко ќе најдете зеленчук кој е побогат со витамин К од спанаќот и кој повеќе придонесува за здравјето на вашите коски.

Повеќе од десетина флавоноиди, исто така, се идентификувани со овој лиснат зеленчук. Тој е идеален за контрола на телесната тежина, затоа што има многу малку  калории.

Зеленчуците со темнозелени листови се корисни во намалувањето на ризикот од рак и срцеви заболувања, бидејќи содржат низок процент на масти, многу диетални влакна и се богати со фолна киселина, витамин Ц, калиум и магнезиум, како и содржат мноштво на фитохемикалии, како што се лутеин и бета-каротенот. Поради нивната висока содржина на магнезиум и низок гликемичен индекс, овој зеленчук е исто така корисен за лицата со тип 2 дијабетес.

Во оваа група на растенија исто така спаѓаат и темно зелените алги.

Спанаќот најдобро се јаде суров во салати и здрави сендвичи, или лесно обарен на пареа или во хранливи супи.

Share This Post!

Напишете коментар