Дизајн на мали кујни

Од : | 0 Коментари | On : април 27, 2014 | Категорија : Креативни идеи, Кујна од соништата

Малите станови се секогаш комплицирани за уредување, а ова посебно важи за малите кујни бидејќи во нив мора да се сместат повеќе неопходни елементи. На крајот треба да се добие компактен, функционален и стилски простор.

При дизајнирање на мала кујна секој сантиметар е важен и треба добро да се осмисли за најефикасно да се искористи малиот простор кој ви е на располагање. Ова се постигнува со креативно декорирање и тактичност.

Главната карактеристика на малите кујни е одлично искористен простор и паметен дизајн кој прави просторот да изгледа поголем. Зависно од вкусот некој ќе се определи за минимализам и отворени полици, додека друга опција би била користење на живи и храбри бои. Она што најчесто се користи е вертикалниот пристап, односно дизајнирање во висина.

Ви предлагаме неколку различни стилови и идеи за декорирање на вашата мала кујна.

Share This Post!

Напишете коментар