Зачински билки во кујната

Од : | 0 Коментари | On : април 22, 2014 | Категорија : Креативни идеи, Кујна од соништата, Омилени зачини

windowsill-herb-garden

Одгледувањето на зачински билки дома е одличен начин да уживате во нивната прекрасна арома преку целата година, како и да ги збогатите домашно приготвените јадења со неповторлив мирис и вкус на свежи зачини.

kitchen-herb-gardenДури и ако живеете во стан и немате голем двор на располагање не мора да се откажете од ова задоволство.  Зачините можете да ги посадите во мали саксии и да ги поставите на тераса или на кујнскиот прозор. Има неколку правила за успешна зачинска градина.

Одберете многу светла локација. Најдобар избор е јужен прозор преку кој зачините ќе добиваат околу 6 часа сончева светлина.
Подгответе мали саксии за садење. Додадете не многу густа земја. За да ја подобрите дренажата измешајте во земјата малку крупен песок.
Семето е најдобро да го посадите рано наутро.
Ако садите повеќе различни зачини во долгнавеста саксија оставете доволно простор помеѓу нив за да можат да се разгранат.
Не заборавајте редовно да ги наводнувате зачините, посебно кога ќе се разгранат.
За да ги употребите во вашите јадења секогаш сечете ги зачините од врвот со ножички. Сечете само по онолку колку што ви треба во моментот. Зачинските тревки растенија растат брзо и секогаш ќе имате свежа залиха.

Ви ги препорачуваме следниве типови на зачини за вашата убава градина во кујната:

kitchen-countertop-herb-garden

Босилек – дури и да не го користите во готвењето ќе уживате во неговиот мирис. Одличен е за капрезе салати или врз брускети.

Нане – Освежителните летни пијалоци не можат да се замислат без свежи ливчиња нане

Рузмарин – Одличен во комбинација со месо. Засадете го рузмаринот во саксија со ситни дупки на дното и често наводнувајте го.

Магдонос – Многу е лесен за одгледување, а ниедна македонска манџа или супа не може да се замисли без него.

Копар – Се користи со риба, салати, како додаток во тестенини

Жалфија – Ливчињата жалфија даваат богата арома на јадењата. Сините светови исто можат да се користат како зачин. Од исушените ливчињата направете си чај.

Мајчина душица – Се користи како додаток во многу различни јадења. Одгледувајте го во саксија на директно сонце.

indoor-herb-garden-design

 



Print Friendly
Share This Post!
Add Comment Register



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Recipe Ads