Корпи за организација на кујната

Од : | 0 Коментари | On : април 21, 2014 | Категорија : Креативни идеи, Кујна од соништата

Најчест проблем и кај малите и кај големите кујни е проблемот со организација на кујнските алати како и залихите на храна.

Предлагаме интересна и креативна идеа за употреба на декоративни дрвени корпи за организација на просторот во кујната.

Дрвените корпи можете да ги искористете за создавање на дополнителен простор ако ги поставите над горните кујнски елементи.

A-Kitchen

 

Употребете ги корпите внатре во шкавчињата за полесна организација на готварскиоти прибор или залихите на храна.

Подобра организација ќе постигнете ако на корпите за оваа намена залепите убави декоративни налепници со натписи на кои ќе ја запишете содржината во корпите.

baskets-and-labels

 

За да спречите истекување на храна од корпите употребете алуминиумска фолија за обложување.

Измерете ја внатрешноста на корпата и исечете картон со исти димензии. Обложете го картонот со алуминиумска фолија и вметнете го во внатрешноста на корпата. На овој начин во корпата слободно можете да ставате дури и зачини, масло, киселина и слично.

korpa1 korpa2

korpa3 korpa4

Резултатот е организиран простор и многу декоративен и модерен изглед.

Storage-Solutions-Using-Baskets-ideas-12

Share This Post!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *