Суперхрана – Грав и Леќа

Од : | 0 Коментари | On : април 7, 2012 | Категорија : Суперхрана

Гравот и леќата се сирмоашни со масти, калории и натриум, а богати со комплексни јагленохидрати и диетални влакна, а нудат и умерени количини на есенцијални масни киселини-претежно омега-6s. Тие исто така се одличен извор на протеини. Во вегетаријанската исхрана е потребно само да се комбинираат со житарки како што се јачмен или овес за да ги обезбедат сите амино киселини потребни за да се зготви комплетен протеин за вегетаријанци кои немаат други извори на протеини за нивните оброци.

Гравот и леќата се исклучително корисни во анти-дијабетес исхрана, бидејќи се рангирани ниско на гликемиската скала, што значи дека не предизвикуваат воспаленија, ниту глад поттикнат со скокови на шеќерот во крвта поврзани со конзумирање на рафинирани жита и бели пецива.

Гравот и леќата нудат изобилство на влакна (една чаша варен грав може да обезбеди 15 грама на диетални влакна. Тоа е повеќе од половина од препорачаната “дневна вредност” од 25 грама и се ослободуваат во крвотокот полека, обезбедувјќи енергија и заситување во подолг период. Препорачливо е конзумирање на не повеќе од 1/4 до 1/2 чаша варен грав по оброк.

Share This Post!

Напишете коментар