Пастрмајлија

Од : | 0 Коментари | On : декември 4, 2012 | Категорија : Блог, Гурман

Значи, обожавам кога ќе се залади времево, ме потсетува на црвено вино, свинско месо, сарма, и се останато што го избегавам во топли денови. Кога сум кај свинското месо и ладното време прво нешто што ми паѓа на памет е Пастрмајлија ( Пита што би рекле Велешани), ама јас сепак мислам на Штипската и морам да признаам дека ова е едно од јадењата што би можел да ги јадам 7 дена во неделата и секој ден во месецот. Незнам до што е, ама има посебен шмек начинот на кој ја приготвуваат… Не сум се осмелил на мајсторите да им го одземам занаетот и да пробам дома сам да ја приготвам, затоа што тестото е посебно вкусно и не верувам дека ќе го погодам толку добро, а за месото да не зборам. Црвен пипер ставаат и незнам што уште зачини, ама совршено солено за мој вкус е секое парче што се наоѓа на Пастрмајлијата.  Криво ми е ја пропуштив оваа пастрмајлијада што се одржуваше во Штип, ама на прошлата баш уживав. Штандови полни пастрмајлии по симболични цени, сите ресторани се натпреваруваат кој има подобра Пастрмајлија, гужва народ, никој не приметува што бенд е на сцена, сите јадат J. Барем така беше лани, годинава незнам како беше. Додуше во Штип нема утка кај и да јадеш пастрмајлија, иако би ги издвоил „гроф“ и „мал одмор“, добро и ирскиот паб е тука некаде … ама нема утка. Баш лани јадев во еден ресторан што се наоѓа во центарот на градот „ Везилка “ чинам се викаше .. и покрај прекрасната пастрмајлија и услугата и цената беше прекрасна шо би рекле живо џабе…  :)

Во Велес не претпочитам толку Велешка Пита, не дека не е вкусна, само формата е поокругла и ставаат јајце, па некако не ми иде со јајце, а кога веќе ја нарачувам без јајце одам 50тина км подоле и уживам во една Швајцована… Во Велес мислам дека има најубава Скара ( некои викаат Прилепската е најдобра ама не сум бил да ја пробам ) така да до тогаш Скара во Велес е број еден според мене. Да се вратиме на Пастрмајлиите, дали знаете некој добар ресторан, или пак рецепт како се прави домашна пастрмајлија? Би сакал да се обидам да испечам една, чисто да видам дали ќе ми успее да го доловам бар малку она совршенство што го нуди Штип.

Share This Post!

Напишете коментар