Шпагети на 1001 начин

Од : | 0 Коментари | On : ноември 25, 2012 | Категорија : Блог, Гурман

Хеј како сте ?

Ја долго не сум пишал ништо на кујнава, не дека немам што да кажам него време да се немало ама ич. Периодов доста зафатено па така и готвењето ми остана малку во втор план.

Незнам за вас, ама спаѓам у групата на експериментални готвачи па обично што најдам по дома го комбинирам и до сега сум немал утка.

Баш вчера така немајќи време за нешто подолгорочно готвење се повикав на оној мој прв готвачки амандман, Шпагети на 1001 начин :). Во најблискиот маркет до мене си купив шпагети ( обично дивела ги користам најубави ми се ), земав томатино ( чили-то го сакам малце пикантно наљутнува ) другото од фрижидер го искористив.

Додека се вареа шпагетите, во друго тенџерче го ставив сосот и импровизирав со зачини, малце кари малце рузмарин малце нане малку оригано, бибер сол и додадов бело вино ( една супена лажица од прилика) оставив да се искрчка да згусне сосот. Одкако се сварија и шпагетите нив си ги сакам повеќе накај ал денте ( не премногу меки), ги исцедив и ги ставив во сосот. Тоа е основно правило според мене, да не го ставаш сосот во шпагетите, туку шпагетите во сосот ( Фала ти Рудолф ), во тој случај сите шпагети ќе бидат натопени и стварно има разлика во вкусот одколку да го ставиш сосот во шпагетите. Изрендав сирење одозгора и перфектно јадење за неполни 20 минути ( добро ако ја чекаш водата да зоврие у случајов 30 минути :)).

Доколку имате некое брзо јадење би било фино да го споделите да научам и јас нешто ново.

Пријатен ден и до следно читање.

Ваш Гурман

Share This Post!

Напишете коментар