Сте слушнале ли за зрното киноа?

Од : | 0 Коментари | On : април 3, 2012 | Категорија : Безглутенска исхрана, Суперхрана

Киноата е вид на растение слично на жито, по потекло од Јужна Америка. Била сметана за свето семе во античката цивилизација на Инките. Киноата природно има горчлива лушпа, меѓутоа најчесто се продава обработена.

Придобивките од користењето на киноа во исхраната се многубројни и го оправдуваат нејзиното име – суперхрана на иднината.

      1. Протеини – Протеините ги контролираат речиси сите молекуларни процеси на телото и го регулираат метаболизмот. За разлика од пченица или ориз, и слично како овесот, киноата содржи избалансиран сет на сите 8 есенцијални амино киселини. Содржината на протеини кај киноата е многу висока (12% -18%). 1 чаша киноа има 9 грама протеини што е повеќе од јајцата (6 грама). Поради овие карактеристики киноата се смета за комплетен протеин,  што е необично за растителната храна.
      2. Диети – Киноата е извор на комплексни јаглехидрати со низок степен на холестерол. Богата е со растителни влакна и има низок гликемиски индекс. Киноата има висок состав на витамини, минерали и протеини, а е сиромашна со масти и калории. Кога се користи за доручек овозможува долготрајна енергија во текот на денот.
      3. Детоксификација – Како сложен јагленохидрат и богата со растителни влакна киноата овозможува прочистување на организмот. Ако се користи редовно во вашата исхрана, киноата може да ви помогне да се ослободите од запек и надуеност.
      4. Изградба на коските – За веганите, вегетаријанците, како и за луѓето со лактозна нетолеранција, киноата претставува значителен извор на растителен калциум.  Една шолја од варена киноа содржи 30 милиграми калциум. Киноата исто така содржи импресивно количество на калиум, магнезиум и цинк, минерали, кои се од клучно значење за срцето, нервите и функцијата на мускулите.
      5. Храна за мозокот – 1 шолја варена киноа содржи 15% од препорачаната дневна доза на железо, кое помага да се испорача кислород во крвта, и ја зголемува енергијата. Киноата содржи зналително количество на Б Витамин кој може да помогне во одржување на мозочните функции и стабилизација на расположението.

Ако сакате да прочитате нешто повеќе за киноата на интернет нејзиното англиско име е quinoa.

Прекрасниот вкус и лесното приготвување ја прави совршена замена за бел ориз или кускус.

Овде ќе ги најдете вкусни рецепти за киноа салата, колачи, вегетаријански рецепти, хамбургери, полнети пиперки, пилаф и многу други.

 

Share This Post!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *