Елда – безглутенска “суперхрана”

Од : | 0 Коментари | On : април 3, 2012 | Категорија : Безглутенска исхрана, Суперхрана

Елда е вид на растение кое и покрај својот изглед (или англиското име Buckwheat) не е во сродство со пченицата и не е житарка, ниту трева. Елдата која ај користиме во исхраната е всушност семе на растението и е многу слична на сончогледовото семе.

Во исхраната најчесто се користи брашно од елда, меѓутоа има вкусни рецепти од никулци или од цели зрна елда.

Елдата потекнува и прв пат била култивирана во југоисточна Азија. Тестенините од брашно од елда се многу популарно јадење во Јапонија каде што се наречени соба тестенини. Најчесто се произведуваат во форма на шпагети.

Иако во минатото најчесто била храна на сиромашните, во последно време елдата доби на популарност одкако многу научни истражувањеа ги потврдија нејзините огромни хранливи вредности. Анализи укажуваат на тоа дека елдата  има специфичен   состав на амино киселини, супериорен во однос на сите останати житни култури, вклучувајќи го и овесот.

Здравствени придобивки од елдата:

  • Заштита од болести на срцето и подобрување на кардиоваскуларниот систем
  • Контрола на шеќерот во крвта  и намалување на ризикот од дијабетес
  • Помага во спречување на жолчни камења
  • Значајни кардиоваскуларни придобивки за постменопаузални жени
  • Хранливите влакна од цели зрна овозможуваат заштита против ракот на дојка
  • Целите зрна овозможуваат заштита против детска астма
  • Во многу студии, користењето на цели зрна во исхраната, како што се елдата, е поврзано со заштита од артеросклероза, исхемичен мозочен удар, шеќерна болест, инсулинска резистенција, дебелина и прерана смрт

Многубројните истражувања и извонредната хранлива вредност на елдата и го осигура називот суперхрана.

Елдата е погодна замена за зрнеста храна за луѓе кои се чувствителни на пченица или други зрна кои содржат глутен.

Постојат огромен број на вкусни рецепти од елда кои вклучуваат тестенини (јапонски соба тестенини), леб, палачинки, вафли, закуски, десерти, пилаф, сок, сосови, супи,  салати и многу други.

Share This Post!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *